Смарт може да добие голема конкуренција од новиот корејски автомобил кој може да се паркира и на најтесните места.
Истражувачите од Кореа, односно Институтот за наука и технологија го претставија автомобилот кој може да се свитка речиси на половина со само едно притискање на копче на паметниот телефон на возачот. Тој го носи името “Armadillo-T” и работи на електрична енергија, а со едно полнење кое трае 10 минути може да измине 100 километри со брзина до 60 километри на час.
Овој автомобил поради неговите можности се очекува да биде многу полуларен на пазарот во големите градови каде паркинг местата се многу ограничени.