Вчера попладне во 17,40 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид во близина на планинскиот превој Пресека кон Охрид, автомобил „БМВ“ со кој управувал 45-годишен жител на с.Лисичани, општина Пласница, кичевско, излетал од коловозот.
Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил 17 годишен сопатник по што биле пренесени во болницата “Св.Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош.
На местото на незгодата извршен бил увид од екипа на СВР Охрид.
OhridNews