Синоќа во 22.35 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај с. Врбјани, 52-годишно лице од с.Грешница, управувајќи патничко возило „Цитроен Пикасо“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Во незгодата, сопатникот (45) од с.Зајас, кичевско, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид извршила екипа од СВР Охрид, информира МВР.

OhridNews