Десетина циркуски уметници и модели биле прекриени со боја од глава до пети во обид на уметникот Крег Трејси од Њу Орлеанс да направи автомобил Фиат 500 од нив. Моделите се распределиле како би го формирале обликот на автомобилот, Трејси нанел боја, а ги фотографирал фотографот Р.Ј. Мун.
Помеѓу 30 и 40 лица пет дена работеле во студиото во Сан Франциско како би направиле совршен Фиат 500. Целата идеја била дел од рекламната кампања за промоција на новата серија од овие автомобили. Трејси рекол дека процесот барал долги припреми, организирање на позициите, мапирање на се што би можело да се користи, а потоа и самата работа на делото. Целиот проект според него бил многу повеќе од обична реклама.