Еден аргентински автомеханичар измислил направа која би можела да ја обележи историјата на медицината. Ставањето вреќичка преку главата на бебето може да изгледа контрадикторно, но тоа е токму она што автомеханичарот Хорте Одон го предлага како би се оленсило породувањето. Имено, направата „Одон“, помага при сигурно извлекување на бебињата заглавени во породилниот канал. Потребно е вреќиќката да се стави околу главата на бебето, да се напумпа, и потоа бебето да се извлече надвор. Хорте Одон прототипот го направил во својата кујна. Својот изум го претставил на Светската здравствена организација, а една американска компанија му понудила лиценца за производство. гинеколозите го фалат овој изум. Сметаат дека би можел да спаси многу бебиња во земјите во развој, па дури и да го намали бројот на царски резови.

Главниот координатор при Светската здравствена организација, Марио Мериалди, рекол дека ова било многу возбудливо. Веќе со години немало никаков напредок во таа област. Во светот годишно се случуваат 137 милиони породувања, од кои 10 проценти се со тешки компликации. Повеќе од пет милиони бебиња и дури 260 илјади жени умираат при породувањето. Најчеста причина за компликациите се престанувањето на болките и заглавување на бебето во породилниот канал. Како би се извлекло бебето надвор, се користат вакуум пумпи, но кај во метод постои голем ризик детето да се повреди. Изумот веќе е тестиран при породувањето кај околу 30 аргентинки. Понатамошни тестирања се предвидени во Кина, Индија и Јужна Африка.