Од денеска, корисниците на НУ-Библиотеката „Григор Прличев“, Охрид имаат можност за автоматизирано зајмување на книги со програмската поддршка COBISS, COBISS/OPAC која обезбедува информација за достапност на поединечен примерок (дали е примерокот слободен или зајмен, рокот на враќање). Корисниците можат да ја погледнат историјата на зајмувањето, можат да го продолжат рокот за зајмување, да резервираат, да нарачаат во рамките на меѓубиблиотечното зајмување, да ја проверат тековната состојба на долговите и побарувањата.
Автоматската обработка на податоците преку COBISS системот претставува организациски модел на поврзување на библиотеките во национален библиотечно-информациски систем со заемна каталогизација, заемна библиографско-каталошка база на податоци.
Програмскиот сегмент COBISS3/ /Зајмување овозможува:
- упис, пребарување, промена на податоците или на бројот на членската карта, бришење на податоците за членот, пакетно бришење на податоците за неактивни членови,
- зајмување на книгите надвор од библиотека или во читалница, враќање, резервација на слободна и зајмена книга, резервација за користење во читалница, продолжување на рокот за зајмување и промена на датумот на истекување,
- пребарување на граѓата, увид во состојбата на граѓата (дали е граѓата слободна или зајмена, податоци за членот кој ја зајмил граѓата, рокот на враќање, список на резервации итн.) и внес на забелешки за граѓата,
- поставување на параметрите на зајмувањето (временски параметри, календар, начин на зајмување, ценовник, ограничување на зајмувањето и други параметри),
- одвоено водење евиденција на зајмувањето по одделенија и меѓуодделенско зајмување на граѓата (за библиотеките за кои зајмувањето е организирано по одделенија),
- електронско известување на членовите за претстојно изминување на рокот за зајмување, за претстоен прием на опомена, за пристигната резервирана граѓа, изминување на важењето на резервацијата и изминување на членството,
- поддршка на трајните резервации на сериските публикации,
- изработка на опомени,
- систем на финансиско работење со можности за рачно или за програмско евидентирање на побарувања, намирување на побарувањата, заклучување на благајна, испис на различни потврди за членовите итн.
COBISS3 е трета генерација на програмската поддршка за автоматизација на библиотечното работење и пристап до различни бази на податоци, што ја развива и ја одржува ИЗУМ од Марибор, Р. Словенија.
OhridNews