Целосно автоматизирано пловило го испитува квалитетот на водата во Охридското Езеро, а тоа ќе го прави и на другите водни ресурси во Македонија. Овој пловен објект е дел од светски најморедерната опрема која ја доби Хидробиолошкиот институт од Охрид, благодарение на трансграничниот проект за мониторинг на водните ресурси, што оваа научна институција го реализираше во соработка со Универзитетот „Аристотел“ од Грција.

Новата опрема ќе овозможи квалитетна контрола на сите води во Република Македонија, со што е можно повеќе податоци, информираат од Хидробиолошкиот завод – Охрид.

Овој проект кој е реализиран со средства од ЕУ преку проект за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција.