Бразилските власти покренаа иницијатива за спречување на ширењето на сидата меѓу средношколците. Програмата ќе започне со поставување на 400 автомати за презервативи во почетокот на 2009 година, кои ќе бидат бесплатни.


„Еден од големите предизвици во борбата против сидата е недостатокот на сексуално образование во училиштата и промоција за користење презервативи“, рекол министерот Јосе Гомес Темпорао.

Според истражувањето кое го спроведе бразилската влада, 90 проценти од средношколците, 63 проценти од родителите и 58 проценти од професорите позитивно се изјасниле за поставување на апаратите за презервативи, навеле од министерството за здравство.