Можеби е зарѓан, но има историска вредност, и автобусот кој го користела некогашната британска премиерка Маргарет Тачер е отпорен на бомби. Бил продаден на аукција за завидни 20 илјади евра. Како што пренеле медиумите, автобусот тежок 28 тони, бил произведен за посетата на Тачер на Северена Ирска, која тогаш била на удар на улично насилство. Од аукциската куќа истакнале дека автобусот првобитно бил проценет на 10 илјади фунти, а го купил колекционер на возила.

Возилото кое било произведено по нарачка на тогашната влада било опремено со дополнителен генератор и уред за доток на воздух, а конструкторите тврделе дека е отпорен не само на куршуми и бомби, туку и на хемиско и биолошко оружје. Автобусот кој може да прими 35 патници, најпрво бил користен за патувањето на премиерката и нејзините министри, а подоцна бил предаден на војската за превоз на војници.