Дека оваа Нова година Охрид е вистинска хит дестинација говори и фактот дека автобускиот превоз кон најголемиот туристички центар во земјава е неколкукратно зголемен.
Од најголемиот градски автопревозник „Галеб“-Охрид информираат дека обемот на сообраќај кон Србија е зголемен дури шесткратно, а згоелемен број автобуси сообраќаат и кон други дестинации во Западна Европа.
Во градот се забележуваат и голем број приватни возила со странски регистарски таблички.