Автобусите на А.Д. “Галеб ” сообраќаат на сите линии. Утрово не сообраќаше линијата до “Свети Наум” поради снежните наноси на регионалниот пат . И автобусите кои водат до селото Ливоишта вчера не можеа да пристигнат до селото поради неисчистениот локален пат, информираат од “Галеб”.

“Во моментов автобусите на претпријатието ги превезуваат патниците до сите дестинации без никаков застој и со задоцнување од 15 минути до половина час”, вели директорот на А.Д. “Галеб”, Љупчо Василевски.

“Нема услови за авио-сообраќајот на охридскиот аеродром “Свети Апостол Павле”, но состојбата се менува од час во час”, велат од аеродромот.

Пистата каде што слетуваат авионите константно се чисти, но поради силните навеви нема можност таа да биде целосно исчистена. Од левата и десната страна се создадени снежни гребени, кои ја спречуваат видливоста и дополнително го отежнуваат слетувањето на авионите.

Последното слетување на охридскиот аеродром беше реализирано синоќа. Скопскиот аеродром “Александар Велики” е отворен.

Ohridnews