Автобусите кои во изминатите денови ги превезуваа бегалците од Прешево кон границата со Унгарија во вторникот вечерта се пренасочуваат кон Шид и границата со Хрватска, јави Б92.

На автобуската станица во Прешево вчеравеќер имало повеќе автобуси кои се подготвувале да тргнат, а на таблите пишувало-Шид.

До оваа драматична промена на рутата со која се превезуваат бегалците дојде по денешното затворање на граничите премини на Унгарија со Србија, при што стотици бегалци остана „заробени“ во пограничниот простор.

Блиц јави дека на возачите им било кажано да не застануваат сѐ додека сите бегалци не бидат префрлени до границата со Хрватска. Покрај тоа, полицијата сите автобуси кои евентуално тргнале кон границата со Унгарија ги пренасочува кон Хрватска. Од друга страна хрватските власти уверуваат дека се подготвени да примат голем бран на бегалци, но се изнесени детали, пишува Индекс. Хрватска има подготвен план за евентуална вонредна состојба со доаѓање на голем број на бегалци, рече министерот за внатрешни работи, Ранко Остоиќ.

OhridNews

Извор: „Макфакс“