Автобуси од сите краеви на Македонија го преплавија Охрид во текот на вчерашниот дел. Тие ги превезуваа симпатизерите на коалицијата „За подобра Македонија“ која синоќа одржа предизборен митинг во Охрид. Според информации од организаторот на митингот во Охрид вчера пристигнале над 270 автобуси. Тие беа паркирани од едниот до другиот крај на булеварот „Туристичка“ во двете коловозни ленти. Паркирани автобуси имаше и на другите улици во центарот, како и кај спортскиот центар „ Билјанини извори“. Поради митингот движењето со автомобили во центарот на Охрид вчера вечер беше забрането. По завршувањето на митингот автобусите во колони го напуштија Охрид, по што сообраќајот во градот полека се нормализира.
речиси 300 автобуси вчера пристигнаа во Охрид
ohridnews