Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи вечерва околу 21 часот на магистралниот пат Охрид – Струга, кај селото Мислешево.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, автобус удрил жена која се движела по магистралата. Од силината на ударот жената, чиј идентитет не е соопштен, починала на лице место.

На местото на настанот во тек е увид во присуство на јавен обвинител и сообраќајнатa полиција од Струга, а сообраќајот се одвива со пренасочување на возилата.

Истрагата треба да ги утврди околностите под кои се случила несреќата.

OhridNews