Возач на автобус кој требало да одвезе педесетина белгиски туристи до францускиот ски центар Ла Плањ во Алпите, направил „заобиколување“ од 1200 километри, следејќи ги упатствата на направата за сателитска навигација (GPS), јавуваат белгиските медиуми. Возачот на автобусот за радио СтудиоБрисел, кое го организирало патувањето за своите слушатели, рекол дека во Франција постојат три „Плања“ и погрешиле.

 

Следејќи ги упатставата на GPS-от, автобусот тргнал кој селото Ла Плањ во Пиринеите, повеќе од 600 километри од ски центарот, кој се наоѓа на другиот крај на Франција. Еден од патниците преку Твитер соопштил дека го виделе Средоземното Море и градот Каркасон. За малку не стигнале и до шпанската граница. Патниците сепак стигнале на предвидената дестинација, со 24 часа задоцнување. На Алпите ги дочекале претставници на радиото со шпански кулинарски специјалитети.