Најмалку 16 патници загинаа, а повеќе од 30 се повредени, од кои девет критично, коха автобус со романски регистарски таблички слетал во провалија на автопатот Подгорица – Колашин во Црна Гора.

Во автобусот како што пренесуваат медиумите во регионот имало 46 патници, воглавно постари лица. На местото на настанот веднаш се упатиле спасувачки екипи и десет возила на брза помош. Повредените се хоспитализирани во ургентрниот центар во Подгорица.

Според првичните информации автобусот кој се движел од Колашин кон Подгорица на околу 100 метри од пред манастирот Морача преминал на спротивната лента и слетал од мостот во провалија.

OhridNews
фото:„blic.rs“