Британското основно училиште Парк Еглос рецесијата ја пребродило на оригинален начин. Бидејќи немале пари за изградба на нови училници на интернет купиле употребуван автобус на два ката. На секој кат од автобусот направиле по една училница за часови по природа и домаќинство.


Идејата за мобилните училници ја покренал учителот Брет Дај. Така наместо 50 илјади евра потребни за нови училници професорот собрал многу поскромни 10 илјади евра колку што чинел автобусот кој бил произведен во 1983 година. Автобусот го опремиле со мала лабораторија, вода, па дури и излез за тоалет. Креативниот професор има идеја автобусот да го користи и за време на летните празници. Се надева дека идејата ќе ја поддржи советот на родителите.