Берлинската полицијаа запленила латвиски автобус поради лошите гуми и сомнителната километража која изнесувала еден милион и 800 илјади километри, што е доволно да се оди два пати до месечината и назад. Полицијата била изненадена бидејќи автобусот не изгледал толку старо.
Автобусот превезувал 67 латвиски туристи кои биле на паз за Швајцарија, а минувале низ Берлин. Бидејќи превозното средство кое било во многу лоша состојба било запленето, сега туристите ќе мораат да најдат нов начин за да стигнат до својата дестинација.