Во сообраќајната несреќа што се случила на автопатот Ниш – Белград во Србија во близина на Велика Плана, утрово, загинаа две деца, а десет лица се повредени, соопшти полициската управа на Смедерево, пренесува „Блиц“.

Истиот извор наведува дека во сударот учествувале шест возила, а до несреќата дошло околу 2.20 часот, кога патничко возило „фиат“ со белградски регистарски таблички, кое се движело во средната лента во правец на Белград, удрило во автомобил „BMW“ со белградски таблички.

После тоа двете возила застанале во лентата за застанување. Забележувајќи дека дошло до судар, возач на возило „тојота“ со германски регистараки ознаки, кое се движело во средната коловозна лента, го забавил движењето, меѓутоа тогаш во него удрил автобус со македонски регистрации кој се обраќал на линија Гостивар – Виена.

Од силината на ударот, „тојотата“ се вртела по коловозот и застанала во лентата за застанување, додека автобусот продолжил да се движи и удрил во возило „крајслер“ со бугарски ознаки, по што ова возило удрило во возило „BMW“ со полски регистрации кое се движело пред него.

Две деца (2005 и 2008г.) од возилото „тојота“ им подлегнале на повредите во болницата во Смедерево, додека 10 лица од останатите возила, од кои четири деца, се потешко и полесно повредени.

На местото на настанаот извршен е увид. На возачот на автобусот, македонски државјанин (48), по укажување на медицинската помош одредена му е мерка притвор, поради основи на сомневање дека извршил кривично дело „тешко дело против безбедноста во сообраќајот“, јавува „Блиц“.

OhridNews