ВМРО ДПМНЕ ОК Охрид со авто протест го крена гласот против, како што беше истакнато, криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот на власта. Почетокот на протестот со возила беше на влезот на Охрид (од Скопје), а целта беше на СРЦ „Билјанини Извори“.

Гласот на граѓаните мора да се слушне. Денеска преку протестот со возила охриѓани го искажуваат незадоволството од криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот кои што ги спроведува власта на СДСМ и Заев, рече пратеничката Лидија Петкоска.

Македонија стана земја на криминалци на власт, предавства и неправда. Неспособноста на власта да се справи со КОВИД-19 удира по животите на граѓаните. Прогонот на политички неистомисленици, криминалот и корупцијата станаа секојдневие, – додаде Петкоска.

Од партијата изразија благодарност граѓаните што го поддржаа протестот и порачааа дека и понатаму ќе продолжат со сите демократски алатки гласно да се борат.

OhridNews