Еден австриски хотел распишал конкурс за работа и бара модерен дворски шут, кој ќе биде комуникативен, екстровертен, музички талентиран и со бујна фантазија. Од кандидатите се барало да донесат по еден музички инструмент на кој ќе свират пред комисијата за време на интервјуто, а исто така добредојдени биле и креативни костими. Кандидатот кој ќе го мине конкурсот месечно ќе заработува од 1400 до 1900 евра.
Директорката на хотелот Мелани Френки рекла дека идејата за овој конкурс дошла бидејќи гостите во хотелот треба да се третираат како да се принцеви и принцези, и дека дворскиот шут е луксуз кој треба да го има секое кралско семејство. Хотелот, кој се наоѓал во Австриската провинција Стирија го дизајнирал познатиот уметник Фриденсрих Худертвасер, а директорката рекла дека дворскиот шут одлично ќесе вклопи во амбиентот.