Херман “Паша“ Милер, сопственик на познат и лиценциран бордел во Салзбург, им ги понудил за заинтересираните сите свои вработени девојки бесплатно во знак на протест против даночниците. Имено, нему му дошло преку глава што државата му зема се повеќе и повеќе пари од џеобот, односно што жестоко „удира“ по оние кои се обидуваат да работат во склад со законот, додека од друга страна речиси ништо не прави по прашањето на илегалната улична или апартманска проституција.
Тој се пожалил дека во изминативе десет години платил речиси пет милиони евра, а даночните лица бараат се повеќе и повеќе. Неговата понуда привлекла толку муштерии што стојат во редици пред борделот. Милер акциската летна понуда плнира да ја држи четири до осум седмици, а на своите гости покрај бесплатни проститутки им нуди и бесплатни пијалоци. Сите трошоци одлучил да ги плати од сопствениот џеб, се разбира, вклучувајќи го и секој работен час на девојките, а лоша вест за сите желни за бесплатна дружба со проститутките е тоа што навалата е толку голема што не можат сите да стигнат на ред.