Репрезентацијата на Австрија претпре пораз во првиот меч од Македонија со 98-71 на кошаркарскиот турнир во Охрид. За тимот од “Алпите“ победата на Македонија е заслужена, а извојувана е по серијата удари од далечина. Селекторот на Австрија Вермер Соломон, рече дека во Охрид го стекнуваат неопходното искуство.
– Им дозволивме доста простор за шутирање, а усепаа да погодат многу чисти удари. Нашата екипа е млада има скромно интернационално искуство и овие мечеви се добредојдени за тоа. Наша цел на овој турнир е да собереме што е можно повеќе искуство, ќе ги согледаме нашите грешки и да продолжиме да работиме на нивно отстранување. Имаме доста тешка група со Полска и Германија, и ќе дадеме се од себе да се прикажеме во што подобро светло во квалификациите – рече селекторот Соломон.
На денешиот меч во Охрид, Австрија ќе игра против Романија.