Полицијата во Виена разби семејна банда на нарко дилери- „Ла Фамилија“, при што упаси 18 лица, меѓу кои членови на кланот, дилери и корисници, јавува „Макфакс“.
За време на претресите полицијата пронајде 28.000 евра и дрога, оружје и околу 350 стебла канабис.
Водачот на бандата бил 43-годишен маж, кој бил многу суров во својата „работа“ , бидејќи и своите деца ги направил зависници од кокаин, за да може „подобро“ да дилаат дрога, соопшти полицијата.
Таткото, маќеата, 19-годишните синови близнаци, 22-годишната ќерка, две поранешни снаи на возраст од 32 и 37 години, како и актуелното момче на ќерката биле главни актери во семејната нарко-банда.
Тие задно со уште двајца дилери, едно 44-годишно лице од Долна Австрија и едно 49-годишно лице од Виена ја солинувале „Ла Фамалија“, како што се нарекувал кланот, кој на големо тргувал со кокаин и марихуана во главниот град на Австрија.
OridNews