Поради протекување на киселина во фабрика во Ашах ан дер Донау, повредени се 40 работници. Од просторијата, како што наведува полицијата, биле евакуирани 100 работници. Не се познати детали за инцидентот.
Ова е втор инцидент во голем австриски објект неделава, каде што беа повредени голем број луѓе. Имено, во терминалот за природен гас Баумгартен вчера дојде до експлозија што резултираше со смрт на еден маж, а 21 лице се здобија со повреди.
OhridNews
Макфакс