Селекцијата на Австрија го потврди учеството на Европското првенство следната година победувајќи ја македонската фудбалска репрезентација со 2-1 (1-0) во претпоследната рунда од квалификациите.

Австрија со триумфот над Македонија го осигура второто место на табелата и заедно со водечката Полска патуваат од нашата група на Европското првенство.

Домаќините резултатот на речиси преполниот „Ернст Хапел“ стадионот го отворија во 8-та минута со погодокот на Давид Алаба. На стартот од второто полувреме со голот на Стефан Лајнер, Австрија зголеми на 2-0. Влатко Стојановски со дебитанскиот погодок во 90-та минута го ублажи поразот и ги постави конечните 2-1.

Голот на Алаба за почетно водство 1-0.
Лајнер дуплира на 2-0.

Македонската фудбалска репрезентација преку Лигата на Нации се уште има шанса за пласман на ЕП. На патот во полуфиналето стои селекцијата на Косово.

OhridNews