На сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, на 14-ти јуни 2014 година, ќе гостува Австралиско-македонскиот театар, со претставата „Борење со мечка“ од Душан Ристевски, во режија на Стефо Нанцу.
Гостувањето е дел од поголемата турнеја низ неколку македонски градови. Оваа претстава вечерва ќе биде прикажана во Скопје, а наредните неколку дена во Велес, Штип, Струмица, Битола и во Прилеп, како дел од 49-тиот Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“.
Во претставата чија премиера била на 16 мај во Сиднеј, играат деветмина актери: Васко Србиновски, Ирена Вељанова, Никола Апостоловски, Валентина Апостоловска, Стефани Степановска, Јаворка Котеска, Самоил Митревски, Владо Сазданов и Мена Ристевска.
Почетокот на претставата е во 20 часот, а влезниците ќе чинат 100 денари.
OhridNews