Австралиските власти спречиле терористички заговор за уривање на авион, изјави премиерот на оваа земја Малком Тарнбул, додавајќи дека четири лица се уапсени во рациите во Сиднеј.
„Можам да соопштам дека минатата ноќ имаше голема анти-терористичка операција со цел да се спречи терористички план да се урне авион”, изјави претседателот пред новинарите.