Австралискиот шампион Пеце Наумоски ќе патува на светско првенство
21.05.07 13:16
Неодамна учествуваше на државното првенство во Go-Kan-Rou (дисциплина во карате) во Австралија. Докажа дека знае и умее да ги надмудрува и совладува своите противници. Тоа го прави со задоволство Македонецот Пеце Наумоски. Сега како државен првак на 30-ти мај треба да отпатува во Бермингем, Англија каде ќе ги одмери силите со најквалитетните каратисти од целиот свет, со надеж дека дома ќе се врати со уште еден пехар, односно како светски првак.
Интересно е тоа што многу бизнисмени кога разбраа дека Пеце Наумовски стана државен првак самите го пронашле и не штедејќи, го одврзале ќесето така што сите финансиски средства (околу 4.000 долари) потребни за престојот и патувањето до Англија ги обезбедиле токму тие.
Пеце навистина сака преку овој медиум да им се заблагодари на сите Македонци кои помогнаа да му се оствари желбата да патува таму каде што ќе бидат најдобрите во неговата дисциплина. Пеце ветува дека нема да ги разочара оние што веруваат во него. Неговите квалитети ќе ги докаже на 2 и 3 јуни и дека секојдневните тренинзи од по 3 часа ќе се исплатат. Само да спомнеме дека Пеце се занимава со карате помалку од 18 месеци.
Родителите на Пеце имаат потекло од Свиништа и Опеница, охридско, а сега живеат во Мелбурн, Австралија. Останува да му посакаме се` најдобро на светското првенство. Ќе ја преставува Македонија како каратист и се надеваме дека ќе го видиме вечерта на 10-ти јуни во „Македонскиот центар“ како светски шампион.
Фудбалерите на Охрид во рамки на 17-то коло од Втората македонска фудбалска лига денес гостуваат кај екипата на Арсими Натпреварот се игра денес со почеток во 14 часот на стадионот во Гостивар Ohri...
Ракометарите на Охрид во рамки на 19-то коло денес гостуваат кај Тинекс Пролет во Скопје Овој меч е важен за „гладијаторите“ за рехабилитација по поразот од Е Пелистер во дербито и задржување на че...
Битката за плеј-оф местото почнува од овој викенд кога кошаркарите на Охрид во рамки на 15-то коло од Втората кошаркарска лига ја пречекаат екипата на Соколи од Штип Дојдете и бидете нашиот 6-ти иг...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.