Австралиски возач ќе го плати најскапиот чизбургер во Мелбурн откако полицијата го попрела додека „летал“ по автопатот, јавуваат австралиските медиуми. Тој на полицајците им рекол дека брзал во ресторан за брза храна по три чизбургери. Полицијата во државата Викторија соопштила дека возел со 186 километри на час каде ограничувањето на брзината било 100 километри.

 

Патролата мислела дека станува збор за авион кога го забележале 28-годишниот возач во Протон хич како во два часот наутро лета по автопатот. На човекот, кој како што велат во полицијата, ќе го плати најскапиот чизбургер во Мелбурн, автомобилот му бил запленет, а освен казната за пребрзо возење ќе плати и казна за возење без возачка дозвола која претходно му била одземена.