На источниот брег на Сиднеј, неколку сурфери тргнале во поход кон брановите, а она што им го донело морето било непроценливо искуство. На само неколку метри од нив запливал повеќе од 50 тона тежок и околу 15 метри долг кит кој и не е реткост во овој период од годината. Но, во истиот момент и на истото место освен китот и сурферите се нашла и камерата на една локална телевизија која ја снимила нивната средба.
Вејн Френкли, претставник на сурферскиот клуб, ги предупредил сурферите дека се преблизу до китот и дека мора да се тргнат. Подоцна за медиумите рекол дека морал да реагира бидејќи китот можел да се уплаши и да повреди некој од сурферите. Оваа врста китови достигнуваат големина од 14 до 18 метри и тежина до 80 тона, а се чести гости во плиткиот дел од австралискиот брег.