Клајв Палмер, милијардер од Австралија, ги најавил своите планови за изградба на Титаник 2 – брод за крстарење кој ќе биде со исти димензии како и неговиот претходник. Тој планира гала вечера во Њу Јорк на која ќе го претстави, а ќе му помогне Каролина, ќерката на Џон Ф. Кенеди.
“Едвај ја чекам вечерата, тоа ќе биде добра прилика светот да види каков брод направивме“, вели Палмер, чиј брод би требало да исплови од Шангај во 2016 година. Бродот ќе биде долг 269 метри, баш како и претходниот Титаник. Но, ќе биде поширок и 20 000 тони потежок. Дизајнот би бил речиси идентичен со претходниот Титаник, но со поквалитетни сигурносни решенија. Бродот ќе може да прими 3 600 луѓе.
Иако испловувањето е закажано за 2016 година, за првото патување од Шангај до Њу Јорк се пријавени 20 000 луѓе, а Титаник би требало да патува на редовна линија од Европа до САД.