Потврда е писмото до АМКЧП од 9 јануари годинава, во кое вршителот на должноста шеф на кабинет на министерот за надворешни работи ги информира оти „славо-македонското“ административно циркуларно писмо веќе не е во сила во Министерството за надворешни работи и трговија (ДФАТ). Согласно вообичаена пратика за неважечки административни циркуларни писма, било посочено, тоа е поништено и документот бил ставен во архива. Воедно, се информира и дека спорната директива не се применува ниту во други владини служби, влучувајќи ги и Министреството за имиграција и државјанство и Австралискиот завод за статистика. Министерството за имиграција и државјанство тоа го потврдило во друго писмо до АМКЧП од 11 јануари 2012 година оти активно не го употребува терминот „славо-македонски”.
Според АМКЧП, со оваа победа е ставен крај на оваа нивна значајна и долготрајна кампања чија цел беше Владата да се согласи да го прифати правото на македонската заедница на самоидентификација. Од ова тело на македонската дијаспора во Австралија со апел до Владата за доследност и за признавање на Република Македонија под нејзиното уставно име.
Кампањата на АМКЧП започна во 1994 година и вкулучуваше сослушувања во Високиот суд на Австралија, Комисијата за човекови права и еднакви можности и Парламентарниот комитет за надворешни работи и трговија. Кампањата го достигна својот врв неодамна како последица на интензивна серија од размени на мислења, која вклучуваше средби и допишувања со министри на владиниот кабинет (вклучувајки ја и премиерката), парламентарни претставници од сите политички партии и повеќе владини министерства.