Поделбата на медалите во пливањето на Олимписките игри во Токио започна со светски рекорд кој австралиската штафета во женска конкуренција го постави на 400 метри слободно. Мег Херис, Ема Мекион и сестрите Бронте и Кејт Кембeл испливаа неверојатна трка, доминатно победувајќи пред ривалките од Канада и Сад.

Австралијанките светскиот рекорд го подобрија за 36 стотинки, поставен токму од нив на Светско првенство пред три години.

OhridNews