Полицијата во Австралија го известила населението и повикала на претпазливост додека пливаат и кампираат во областа на градот Дарвин откако пронашле остатоци од човек кој бил изеден од крокодил. Полицијата пронашла остатоци од маж кој бил усмртен од крокодил додека пливал во текот на ноќта.
Официјалните лица на тамошната полиција соопштиле дека двајца мажи после конзумирање на одредена количина алкохол одлучиле да запливаат во реката. Тогаш на еден од нив го нападнал и усмртил крокодил. Полицијата усмртила 4,3 метри долг крокодил за кој се сомневале дека го извршил нападот. Ова бил четврти смртен случај од напад на крокодил во последните неколку месеци.