Новиот Амбасадор на Австралија Н.Е. Хелена Студрт во рамки на својата посета на Охрид, при што оствари средба со охридскиот градоначалник Александар Петрески, го посети и Хидробиолошкиот институт.


Од страна на научните работници таа беше запознаена со напорите кои ги прави институтот во врска со зачувувањето на пастрмката од истребување.


При тоа, австралиската амбасадорка изврши порибување на езерото со нови единки подмладок пастрмка.

OhridNews
фото: „Зум“