Организацискиот одбор на Хуманитарната-донаторска вечер
На свеченоста, покрај лотаријата се изврши и наддавање на подароци кои беа донирани од бизнисмени и поединци, како и за иконата со ликот на Св. Петка што ја подари црквата Св. Климент Охридски од Порт Кембла (Волонгонг). Најсреќен во наддавањето за иконата беше Крсте Илинкоски, по потекло од Волино, кој одвои 3.500 долари за иконата на која ќе биде изгравирано името на неговото семејство и која ќе биде испратена и поставена во црквата Св. Петка во Волино.
Крсте Илинкоски со семејството и со иконата од Св. Петка
Вкупната парична сума која ќе и биде испратена на иницијаторката Ѕвезда Иваноска и Одборот за изградба на црквата е 21.000 долари. Иселениците од Австралија се надеваат дека кон иницијативата ќе се приклучат и волинци од САД и Швајцарија.
Донаторската вечер, ја помогнаа ФК „Грингилски лавови“ од Грингила кои просторијата ја отстапија бесплатно, групата ВИС Сенатор која присутните ги забавуваше без паричен надомест, црквата Св. Климент Охридски која подари икона, сопствениците на угостителскиот сервис Модерн деј катеринг, кои без хонорар ги служеа гостите и многу други бизнисмени и поединци, како и медиуми.
Иван Трпоски