Австралискиот премиер Тони Абот, изјави дека растат надежите во потрагата по исчезнатиот малезиски авион, откако кинеските сателити открија можни остатоци во јужниот дел од Индискиот Океан.

Потрагата по мистериозно исчезнатиот авион „ Boeing 777-200 ER” со вкупно 239 патници и членови на екипажот на компанијата „Malaysia Airlines” на летот MX370 од Кула Лумпур за Пекинг кој исчезна од радарите два часа по полетувањето од Куала Лумпур вечерта на 7-ми март над Јужното Кинеско Море, влезе веќе во третата седмица, а се уште не е потврдена ниедна трага од воздухопловот.

Меѓународните сили во неделата ја продолжија потрагата без преседан по исчезнатиот авион се вклучени 26 земји во два огромни „коридори” во потрагата. Еден се простира северно по копното од Лаос кон Каспиското Езеро, а другиот јужно преку Индискиот Океан до индонезискиот остров Суматра, па сé до делот западно од Австралија. Последните денови тие се концентрирани на областа 2.500 километри југозападно од австралиското пристаниште Перт, настојувајќи да го пронајдат објектот што го снимиле сателитите. Станува збор за мали делови и дрвени палети кои што во саботата биел снимени и од авион кој го пребарувал регионот.

„Новите кинески сателитски снимки означуваат еден голем објект на тоа подрачје, во согласност со она што беше откриени со претходните сателитски снимки (американски)”, изјави австралискиот премиер Тони Абот во текот на неговата посета на Папуа Нова Гвинеја.

„Очигледно е дека сега имаме веродостојни водичи и има сѐ повеќе надеж дека би можеле да откриеме што се случило”, додаде Абот.

Кинеските сателити снимиле објект долг 22 и широк 13 метри во водите на Индискиот Океан наспроти западниот брег на Австралија, и во тој правец веднаш се испратени кинески бродови. Иако сите воздухоплови и пловила вклучени во потрагата се опремени со напредна технологија, поголемиот дел од потрагата се одвива визуелно. Според австралиските власти, потрагата ќе продолжи сѐ додека спасувачките екипи не се уверат дека натамошното пребарување на областа е попусто. Австралиските власти сѐ уште операцијата и натаму ја сметаат за операција на потрага и спасување. Авионите и бродовите повторно го пребаруваат и Андаманското Мое меѓу Индија и Тајланд трагајќи по можни знаци коишто би можеле да помогнат да се разоткрие една од најголемите мистерии на модерното воздухопловство. Истрагата се сомнева дека малезискиот авион, намерно бил скршнат од курсот, што упарува на грабнување или саботажа, но не исклучуваат ниту технички проблеми.

„ Црните кутии”, уредите кои ги снимаат техничките информации за летот на авионот, како и гласот на пилотот за време на летот, испраќаат сигнали околу 30 дена, по што станува уште потешко да се лоцира исчезнатиот авион.

OhridNews

извор: Макфакс