Според истражувањето кое во 30 земји го спровела Организацијата за економска соработка и развој, Австралија се нашла на првото место на основ на економски и други критериуми, како што се здравствената состојба, безбедноста, заработувачката и стандардот. Во првите пет на листата најсреќни земји се нашле уште и Шведска, Канада, Норвешка и Швајцарија. Повеќе од 73 проценти од 23 милиони австралијци, на возраст од 15 до 64 години, имаат работа и примања над просекот. Нивниот просечен животен век исто така е далеку над просекот и изнесува 82 години.
Веќе две децении Австралија бележи економски раст. Успеала да ја заобиколи економската криза и е единствена индустриска земја која ја избегнала рецесијата во 2009 година. Јакнењето на економијата се одразува и на австралискиот долар, кој е најјак во последниве 30 години. Останатите пет меѓу десетте најсреќни земји на листата се САД, Данска, Холандија, Исланд и Велика Британија.