Австралија планира да го зголеми извозот на производи од крокодилска кожа во 2016 година поради зголемениот број на овие влекачи во дивина, после неколку децении заштита на таа врста. Австралиската влада соопшти дека значително се зголеми бројот на положени јајца од морски крокодили во дивина, кои подоцна се ставаат во инкубатори на фарми.
Живите крокодили во заробеништво се користат за рерподукција, додека нивната кожа и некои делови од телото воглавно се извезуваат. Крокодилите можат да бидат тешки до еден тон и долги до седум метри. Пред 40 години, беа на работ на изумирање бидејќи се сметаа за штетни животни. Во Австралија живеат околу 150 илјади крокодили во дивина и тие понекогаш претставуваат опасност за капачите или риболовците. Според официјалните податоци, годишно се убиваат неколку стотици крокодили.