Еден аматерски трагач по злато ги запрепастил експертите ископувајќи во австралиската држава Викторија, во близина на градот Баларат, парче злато тешко 5,5 килограми. Човекот, чиј идентитет не бил објавен, злато барал со детектор за метал, а парчето злато, какво досега не било ископано во тоа подрачје, лежело на само 60 сантиметри под површината на земјата.

Според моменталните цени на берзата, ископаното злато вреди 315 илјади американски долари. Колдер Кент, кој во Баларат откупува злато од трагачите, рекол дека бил трагач и дилер со злато повеќе од две децении, и дека не се сеќава некогаш да било ископано парче злато потешко од три килограми.