Еден истражувач кој во планините барал злато тврди дека пронашол нешто многу поважно. Адам Каинеро верува дека снимил НЛО кое лебдело. Тој викенд не пронашол злато па со пријателите тргнал со автомобил низ планината. Застанале да фотографираат и не забележале ништо необично се додека Адам по некое време дома не ги прегледувал фотографиите.
На една од нив се забележувал објект кој лебдел над врвот на планината. Трагачот за злато рекол дека познава голем број луѓе кои на тоа место веќе имале видено необични објекти на небото. Секоја година на тоа место луѓето пријавуваат по десетина случаи на забележано НЛО.