Австралиската фудбалерка Рали Добсон ја воодушеви јавноста, одлучувајќи да се повлече од фудбалот и комплетно да се насочи кон своето момче на кој му претстои битка со тешка болест.
Момчето на Добсон има рак на мозокот и следниов период ќе треба да посетува специјалните третмани, кои ќе му помогнат да ја надмине болеста.
Рали Добсон на последниот официјален натпревар постигна погодок и на својата екипа Мелбурн Сити и донесе победа, а момчето после завршувањето на мечот ја побара нејзината рака.
OhridNews