Австрискиот тенисер Доминик Тим ќе му биде ривал на Новак Ѓоковиќ во големото финале на Австралија Опен. Тим пласман во првото финале на австралискиот грен слем турнир обезбеди после победата над Александар Зверев со 3-1 во сетови во полуфиналето.
Пресметката на „главната“ арена во Мелбурн не започна најдобра за Тим кој го изгуби првиот сет. Зверев во првиот сет освои три гемови на противнички сервис и поведе со 1-0. Тим брзо се консолидираше и на идентичен начин го доби вториот сет за егал 1-1.
Во третиот сет, Тим и Зверев одиграа маестрално и победникот се одлучуваше во тај брејк. Австриецот подобро се снајде во рововската битка и со 7-3 го финишираше тај брејкот за водство 2-1 во сетови. Решавачкиот четврти сет понуди нов атомски тенис и нов тај брејк. Тим повторно беше подобар овој пат со 7-4 и со 3-1 во сетови го совлада Зверев.
Финалето во машка конкуренција се игра в недела рано наутро. Тим ќе има ултра тешка задача против Ѓоковиќ, кој во полуфиналето со 3-0 го совлада Рожер Федерер.
OhridNews