Тенисерките Ешли Барти, Софија Кенин, Симона Халеп и Гарбиње Мугуруза се учесничките во полуфиналето во женска конкуренција на Австралија Опен.

Австралиската тенисерка Барти во четвртфиналето славеше во два сетови против Квитова. Кенин со идентичен резултат славеше против Хаубер, додека Халеп и Мугуруза во два сетови ги совладаа Контавејт односно Павличенкова.

Во полуфиналните пресметки силите ќе ги одмерат Барти – Кенин односно Халеп – Мугуруза. Дуелите на програмата се утре рано сабајле.

Минатата година на Австралија Опен триумфираше Јапонката Наоми Осака.

OhridNews