Австралискиот премиер Скот Морисон денеска изјави дека неговата Влада нема да брза со одобрување на вакцините на Фајзер и Бионтек против коронавирусот, бидејќи сака Австралијците да веруваат во вакцината.

Тој рече дека Австралија е во поинаква позиција од Велика Британија, која ја одобри вакцината и нејзината употреба по итна постапка и од САД, кои се близу до одлуката за употреба на вакцината.

Морисон додаде дека сака Австралијците да имаат апсолутно целосна доверба дека ќе ја во вистински момент ќе ја добијат вистинската вакцина.

Се очекува вакцината да биде одобрена до крајот на јануари, а почетокот на вакцинацијата до март.

OhridNews