Поп пејачката Аврил Лавињ започнала да работи на својот нов, петти по ред студиски албум, јавиле британските медиуми. Иако својот четврти албум со име ”Goodbye Lullaby” го објавила во март оваа година, пејачката признала дека веќе снимила неколку песни за новиот албум.


Таа изјавила дека веќе има осум песни и дека сака да го заврши својот петти албум многу брзо. Додала дека овој албум бил малку помек, но затоа ветила дека следниот ќе го обележи поп звукот и ќе биде многу позабавен.