Магазинот “Hello!” пренесува дека вереничкиот прстен на пејачката Аврил Лавин вреди $350,000 долари. Младата ѕвезда се верила со Чад Кругер, фронтменот на групата “Nickelback” од кого го добила скапоцениот прстен.

Дијамантот во облик на круша е поставен на основа направена од платина и е совршен спој за рокерка како Аврил. Ваквиот вид на дијамант е многу редок бидејќи неговата изработка е многу комплицирана, односно мора да се сече на посебен начин како би ја добил оваа форма” изјавил човекот кој го изработил вереничкиот прстен.
Ова ќе биде прв брак за Кругер, а втор за Аврил.