Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, синоќа, го промовираше Амад Диало за нов играч во своите редови. 18-годишниот фудбалер на Олд Трафорд ќе се пресели од Аталанта за речиси 40 милиони евра.
„Црвените ѓаволи“ со клубот од Бергамо трансферот на Диало го договориле во летниот преоден рок, но двете страни го официјализираа вчера, после комплетирање на потребните документи за фудбалерот.
Диало одредено време ќе помине во фудбалската академија на Манчестер Јунајтед и постепено ќе биде уклучуван во првата екипа. Трансферот ја изненади фудбалска јавноста во Англија, затоа што Диало кој е репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска за италијанскиот клуб запиша само четири настапи.
OhridNews