Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед нема намера да го чека летниот преоден рок да го обезбеди првото засилување за следната натпреварувачка сезоната. „Црвените ѓаволи“ пикот го имаат фрлено на Џек Грилиш кој игра во Астон Вил.а

Клубот од Олд Трафорд, планира во многу краток период да ги договори личните услови со фудбалерот и да ја плати откупната клаузула на Астон Вила во висина од 45 милиони евра за предвремен раскин на договорот. „Црвените ѓаволи“, стравуваат дека цената на Грилиш ќе скокне, ако евентуално фудбалерот настапи на ЕП и се покаже во добро светло.

Манчестер Јунајтед поминува низ период во реновирање на екипата. Норвежанецот Оле гунар Солскјер побара време и трпение од навивачите поради променливите резултати. Клубот води активна битка за пласман во ТОП 4, а на добар пат е да се пласира во ТОП 16 во Лигата на Европа.

OhridNews